Се крчка одлична атмосфера на „Ернст Хапел“ – Продадени се 35 илјади билети за мечот Австрија – Македонија

Австрија и Македонија ќе имаат можност да играат во убава атмосфера на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена, во сабота, од 20.45 часот, а веќе се продадени 35 илјади билети за претпоследниот квалификациски меч за двете селекции.

Капацитетот на националната арена во Виена е околу 50 илјади места, а до почетокот на мечот има време, па можно е да има и полн капацитет.

Интересно е што билетите се по цена од 32 до 66 евра, а навивачите на австриската селекција на почетокот на квалификациите протестираа поради скапите цени.

„Очекуваме спектакл во меч што за нас може да значи и потврда на пласманот на Европското првенство: Организацијата ќе биде на врвно ниво и очекуваме полн стадион“, изјави Генералниот секретар на ОФБ, Томас Холерер.

На Австрија ѝ треба само еден бод од последните два меча со Македонија на домашен терен и со Летонија на гости за да ѝ се приклучи на Полска, која веќе е пласирана на ЕП 2020 година од нашата квалификациска група.

 

- Оглас -

Најнови вести