Се лизна Ндоје и со еврогол ги урна младите ѕвезди на Англија (Видео)

Швајцарија ја победи Англија со 1:0 во премиерниот меч за двете млади селекции на Европското првенство што заедно го организираат Словенија и Унгарија.

Дан Ндоје го реши мечот со необичен, но многу атрактивен гол во 78. минута. Шпицот на Швајцарците се лизна при ударот кон голот на Англичаните, а топката ефектно заврши зад грбот на Рамсдејл.

England U21 0 – [1] Switzerland U21 – Ndoye 78′ from soccer

Младите Швајцарци иако беа аутсајдери одиграа храбро против еден од фаворитите за титулата, а наградата стаса во финишот на мечот. Ова им е и прва победа против Гордиот Албион во категорија за играчи до 21 година, а е многу значајна во тешка група, во која ривали ќе им бидат и Португалија и Хрватска.

Вечерва од 21 часот премиера ќе имаат и Португалците и Хрватите во меѓусебен дуел од Д групата, а ќе се игра и комплетното прво коло во Ц групата.

Од 18 часот на мегдан ќе излезат Русија и Исланд, а три часа подоцна ќе играат Франција и Данска.

 

- Оглас -

Најнови вести