Се местело и на егзибициски дуели: Дури 24 меча се под истрага

Единицата за интегритет во тенисот (ТИУ) во својот најнов извештај соопшти дека во периодот од април до јуни оваа година биле одиграни дури 24 сомнителни егзибициски мечеви. Тоа е период во кој има пауза во АТП и ВТА натпреварите поради пандемијата со Коронавирусот, но аферите во тенисот не стивнуваат. Освен тие 24 егзибициски мечеви, под сомнение е и еден дуел од ВТА одигран во 2019 година на турнир за награден фонд од 125.000 долари.

На сомнителните мечеви посебно внимание било привлечено поради необичниот начин на обложување. Сепак тоа не значи дека тие дуели се наместени.

„Сомнителните обложувања во овој период се цврст индикатор дека корупцијата е активна и дека нивните актери го засилуваат фокусот на нашиот спорт. Треба да бидеме посебно внимателни кога професионалниот тенис ќе се врати во август“, стои во соопштението на ТИУ.

 

- Оглас -

Најнови вести