Сè може во модерниот фудбал – Купија играч од најтрофејниот клуб, не им треба, па веднаш го пратија на позајмица

Случајот со Леон Дајаку, 20-годишниот напаѓач на Баерн Минхен, е многу интересен и потврдува дека постојат секакви варијанти во модерниот фудбал.

Дајаку беше купен во 2019 година од Баерн, откако мина пет години во Штутгарт, а денеска Баварците му го продадоа на Унион Берлин за еден милион евра, па веднаш беше испратен во Англија во редовите на Сандерленд.

Леон е еден од големите таленти на германскиот фудбал и интересно е што лани беше член на Унион Берлин, а играше како позајмен фудбалер од Баерн.

Сега тимот од главниот град на Германија го откупи договорот од Баерн за еден милион евра, со него потпиша договор до 2024 година и веданш го испрати Дајаку на нова позајмица, во Англија.

Дајаку за Сандерленд ќе игра до следното лето, а потоа ќе мора да се врати во Унион Берлин.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести