Се му оди од рака на олимпискиот првак, направи пресврт што ретко се случува во машкиот тенис (Видео)

Олимпискиот шампион Александер Зверев приреди подвиг што е мошне тежок во машкиот тенис и успеа да се пласира во финалето на АТП турнирот во Синсинати.

Го победи Стефанос Циципас со 2:1 во сетови, иако во последниот имаше минус од два брејка и губеше со 1:4. На грчкиот тенисер во последно време му се случуваат вакви порази, а и сега доживеа неуспех, иако имаше се во свои раце.

Сервираше за 5:1 во гемови во третиот сет и не успеа, а потоа пак загуби свој сервис на 5:4 кога имаше можност да го реши мечот. Зверев се разигра, израмни на 5:5 и потоа во фантастичен стил славеше во тај-брејкот со 7:4 во поени.

Тој ќе игра со Андреј Рублев во финалето, денеска од 22.30 часот, а моментно е во серија од 10 победи по ред.

Претходно Рублев го надигра сонародникот и прв носител на турнирот, Данил Медведев, исто така со 2:1 во сетови.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести