Се наѕираат првите финалисти: Трката за станот во Типстер купот на Sport Life се вжештува

Речиси сме на половина од првиот месец во новата сезона на Типстер Купот на Sport Life, а тоа значи дека полека, но сигурно се наѕираат првите финалисти кои ќе влезат во трката за освојување СТАН ВО СКОПЈЕ. За разлика од претходните сезони, оваа има мали измени на правилата, и тоа со цел да има што е можно поголем број финалисти и поголем број учесници да имаат шанса да ја освојат главната премија.

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ДА СЕ ПОЧНЕ И ДА СЕ ИЗБОРИ МЕСТО ВО ФИНАЛЕТО

Типстер купот сезонава ќе биде во девет месечни етапи. Започна овој месец и ќе трае до мај. По двајца најдобри типстери од секој објект во тековниот месец ќе обезбедат место во финалето. Тоа значи дека бројот на учесниците во финалето ќе биде двојно поголем од бројот кој беше во минатата сезона. Секоја етапа си е посебна, што значи дека и доколку ја пропуштите борбата за влез во финалето во септември или октомври, реални шанси за такво нешто имате во кој било од следните месеци до мај 2020 година.

Финалната фаза ќе започне на 12 јуни и ќе трае до 12 јули. Тоа е период во кој ќе биде и Европското фудбалско првенство.

ПРОМЕНА НА ФОРМУЛАТА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПОЕНИ

Важен дел за сите учесници во Типстер купот е и промената на формулата за пресметка на поени. Новата формула за пресметка на поените е следната:

P = А + 20B + 20C
„A“ = сума на уплата ПО КОМБИНАЦИЈА (ако се работи за тикет со уплата до 800 денари ПО КОМБИНАЦИЈА), односно „А” = Уплата/комбинација (пример: Уплата 100 денари со 4 комбинации = 25 поени)
„А“ може да изнесува максимум 800 бодови
„B“ = „бројот на типувани парови” на тикет (системите во системските тикети се земаат како една комбинација)
Значи, збирот „20b“ може да изнесува максимум 800 бодови
„C“ = „коефициент на учинок“, т.е. коефициент на учинок = (помножени погодени коефициенти на тикетот)/помножените утнати коефициенти на тикетот * (број на утнати парови на тикетот + 1).

Искористете ја шансата да бидете во трка за освојување на СТАН ВО СКОПЈЕ.  Затоа, ИГРАЈТЕ ВО SPORT LIFE.

- Оглас -

Најнови вести