Се најде јунак што не сака да игра за Манчестер јунајтед

Англискито репрезентативец Деклан Рајс ја одбил понудата на Манчестер јунајтед и сака да остане во Лондон, па ако си замине од Вест Хем неговата желба е да игра за Челзи.

Англиските медиуми објавија дека Црвените ѓаволи сакаат да го ангажираат Рајс, но и дека 21-годишниот играч за врска на Вест Хем не сака да дојде на „Олд Трафорд“.

Рајс е дете на Челзи, но во 2013 година ја напушти младинската Академија на сините од „Стемфорд Бриџ“ и се пресели во Вест Хем.

Една од причините за посакуваниот кам-бек на Рајс во Челзи е што во клубот од Лондон игра неговиот нераздвоен другар од детството Мејсон Маунт.

Пријателството е големо, а дури двајцата беа и казнети поради кршење на строгиот протокол за Ковид-19 во Велика Британија, кога двајцата беа фатени како џогираат заедно во Лондон во време кога имаше „локдаун“.

 

- Оглас -

Најнови вести