Се најде клуб што го сака најголемиот трагичар меѓу голманите

Германскиот голман Лорис Кариус ја имаше довербата во Ливерпул да биде прв голман, па бранеше и во финалето од Лигата на шампионите во 2018 година. Во финалето против Реал, Кариус направи две катастрофални грешки и беше најголем виновник за поразот на Ливерпул, а Кралевите со победата од 3:1 стигнаа до европскиот трон.

Од тој меч, кариерата на Кариус тргна во надолна линија. Беше на позајмица во Бешикташ и Унион Берлин, но и таму не се прослави, па беше вратен во Ливерпул, каде што ја има улогата на четврти голман во клубот.

Сепак, се чини дека за Кариус доаѓаат подобри денови. Екипата на Гројтер Фирт покажа интерес да го доведе во своите редови, и тоа во зимскиот преоден рок. Гројтер Фирт е „закован“ на дното на табелата во Бундеслигата и досега прими 46 гола во 15 кола, односно повеќе од три гола по меч.

- Оглас -

Најнови вести