Се наѕираше првата победа, но им „избега“ од раце на Спартанците

Одбојкарите на Македонија и по четврти пат во исто толку натпревари загубија на Европското првенство, овојпат од Шпанија, со 1-3 во сетови (23:25, 25:21, 28:30, 15:25). Спартанците беа надежни дека токму денес ќе се освојат првите бодови во групната фаза, особено при изедначени сили во третиот сет, кој нашите репрезентативци го загубија несреќно со разлика при 28:30.

Во добар дел од првиот сет ја имавме иницијативата на наша страна, но серијата од 4-1 на Шпанија во финишот ѝ обезбеди водство. Возвративме моќно за израмнување на 1-1, но потоа Македонија испушти три сет-топки за да направи резултатски пресврт.

Откако повторно се најдоа во негатива, како да им згасна жарта на Спартанците, па Фуријата делуваше супериорно во четвртиот сет, кој го доби со убедливи 25-15.

Со 26 поени, нашиот капитен Никола Ѓоргиев ја предводеше Македонија, исто толку забележа и најефикасниот противнички играч Андрес Вилјена.

- Оглас -

Најнови вести