Се обиде да побегне од Кина за да игра за Венецуела, но го фатија на аеродром

Искусниот напаѓач Саломон Рондон, се најде во центарот на вниманието откако се обиде да побегне од Кина за да игра за репрезентацијата на Венецуела во квалификациите за СП 2022. Рондон кој е некогашен член на Малага, Рубин Казан, Зенит, ВБА и Њукасл, во моментов е играч на кинески Далиен.

Рондон сакаше да се појави во националниот тим откако беше повикан од селекторот, но беше запрен од граничната полиција во Кина. Клубот Далиен кој се бори за опстанок, не сакаше да го пушти својот прв стрелец (има 30 гола на 80 меча), бидејќи после враќањето од Јужна Америка, ќе мораше во карантин и да пропушти дури шест натпревари.

За да ги залаже луѓето од клбот, Рондон купил три авионски билети во пет дена, но и Кинезите не се наивни, го следеле и постојано го имале на око за да не побегне.

Според новите протоколи на ФИФА, клубот има дозвола да не ослободи некој играч. Така, Рондон речиси на сила е спречен да го напушти клубот, и на другарите од Венецуела им се јави со видео-порака во која им рече дека направил се да им се придружи, но не успеал. Венецуела без Рондон, беше убедливо поразена на гости од Колумбија со 0-3.

- Оглас -

Најнови вести