Се очекува Дончиќ да постигне повеќе поени од Кари во првиот финален дуел меѓу Голден стејт и Далас

Голден стејт и Далас маверикс вечерва ја стартуваат битката за најдобар тим во западната конкуренција во НБА-лигата. Овие две екипи се пласираа во конференциското финале од плејофот, а сега се во трка за тоа кој прв ќе стигне до четири победи.

Во Sport Life има одлична понуда, па може да се обложите на бројот на поени на играчите, потоа бројот на скокови, асистенции, постигнати тројки, освоени топки, загубени топки, па дури и бројот на блокади.

Границата за плус-минус поени на Лука Дончиќ е на 33,5 поени, додека на Стеф Кари е на 27,5 поени.

Во регуларниот дел од сезоната беа речиси израмнети, а Голден стејт ја има предноста на домашен терен само благодарение на една победа повеќе. Од 82 дуели, Воините имаа 53 победи, додека Далас во регуларниот дел заврши со 52 победи.

Сепак, ако се погледнат меѓусебните дуели оваа сезона, Далас е подобар и има три победи, додека Голден стејт се израдувал само еднаш. Сепак, ова сега е посебно, ова е плејоф и борба за влез во големото финале, па сигурно ќе има голема неизвесност на секој натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести