Се очекува Хамилтон на доминантен начин да стигне до 90-тата победа во Ф1

Луис Хамилтон уште еднаш ја потврди доминацијата во Формула 1, откако вчера успеа да се избори за нова пол позиција. За Британецот ова е шести пат сезонава во осум трки да стартува од челното место на стартот. На патеката во Монца, Хамилтон не само што имаше најбрз круг, туку тоа беше и најбрз круг кој некогаш бил извозен на оваа легендарна патека. Вкупно по 94-ти пат Хамилтон ќе се најде како лидер на стартната линија во трката.

Британецот вчера постави и светски рекорд за најбрз круг во историјата на Ф1. Неговата просечна брзина изнесуваше 264 километри на час. Никој никогаш претходно не успеал да извози еден круг на Ф1 трка со таква просечна брзина.

Токму поради сите овие факти и рекорди, како и перформансите и подготвеноста што ја има болодот на Хамилтон, денеска се очекува да има шоу на актуелниот првак и лесно да стигне до нова победа. Освен Хамилтон, вчера блескаше и неговиот тимски колега Валтери Ботас кој заостана само 0,069 делови од секундата и ќе биде втор на стартот, што дополнително му дава сигурност на шампионот да стигне до јубилејната 90-та победа во Ф1 трка.

Возачите на Ред бул се единствени кои би можеле да ги загрозат тие на Мерцедес. додека Ферари кој вози на домашен терен се посрамоти во квалификациите. За прв пат по 1984 година, меѓу првите 10 болиди на стартот нема да има ниту едно Ферари.

Погледнете како ќе стартуваат возачите на денешната трка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести