Се огласи Аспиликуета по стравичната повреда: Им благодарам на сите

Сесар Аспиликуета, капитенот на Челзи, им се заблагодари на сите што му помогнаа по повредата на главата што ја заработи на натпреварот против Саутхемптон.

Сините загубија со 0:1 пред своите гледачи, а во финишот од натпреварот, Аспиликуета во обид да ја исфрли топката од сопствениот шеснаесетник заработи удар во главата од противничкиот играч Секу Мара, кој сакаше атрактивно, со ножички да се обиде да го совлада голманот Кепа.

По ударот, Аспиликуета остана да лежи на тревата додека лекарите од двете екипи се обидуваа да му помогнат. По неколку минути, тој на носилки беше изнесен од теренот и беше пренесен во болница во Лондон на детални лекарски прегледи.

„ Јас и моето семејство сакаме да им се заблагодариме на сите што се грижеа за мене по инцидентот. Имам порака за сите, за медицинскиот тим на Челзи, за моите соиграчи и противници, за болницата и за целиот персонал и лекарите: Огромна благодарност од сè срце. Сега е време за рехабилитација и се гледаме наскоро на теренот“, напиша Аспиликуета на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести