Се огласи големиот пријател на Шумахер: Тој е добро, продолжува да се бори

Претседателот на Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА), Жан Тод, откри дека на почетокот од Новата година го посетил седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, и дека е оптимист кога станува збор за здравјето на Германецот.

„Шуми сè уште е дел од мојот живот. Често го посетувам и заедно гледаме ТВ. Тој е многу внимателен, тука е со нас и продолжува да се бори“, изјави Тод.

Михаел Шумахер на 29 декември 2013 година додека скијаше на француските Алпи, се здоби со тешка повреда на главата откако со неа удри во камен и оттогаш неговата здравствена состојба е мистерија за медиумите и на фановите.

Иако во текот на изминатите девет години се појавуваа разни шпекулации, некогаш добри, а некогаш лоши, ниту една од нив не беше потврдена, а сопругата на Михаел, Корина, ниту еднаш не се огласи во јавноста.

- Оглас -

Најнови вести