Се откажаа и Швеѓаните – Стартот закажан за викендов се одложи за во јуни

Швеѓаните сепак нема да почнат да играат фудбал викендов што следи и одлучија да го одложат стартот на новото првенство за во јуни.

Одлуката ја донесоа денеска и популарната Алсвенскан е пролонгирана порад пандемијата со Коронавирусот. Во Шведска немаше посебни рестрикции и досега оваа земја беше во групата на најлиберални мерки во битката со опсаниот вирус, но бројката на заразени и починати драстично порасна, па нема да има ниту фудбал во скоро време.

Премиерата требаше да биде со мечот меѓу Варбергс и Еребро во сабота на 11 април, а останатите мечеви беа закажани за в недела и понеделник, но одлуката е да не се игра фудбал веројатно до јуни.

Во моментов во Европа активни се само Белорусите, а во тамошното првенство веќе се одиграа три кола во екот на најголемата криза со Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести