Се отвори најпознатиот прозор во Неапол и тоа после 30 години (Фото)

Екипата на Наполи после 33 години успеа да ја освои шампионската титула во Италија. Последен пат кога им успеа тоа, беше во ерата на Диего Армандо Марадона, кој се уште е најпопуларна фигура во Неапол и претставува вистинско божество.

По повод титулата пред 33 години на една зграда во Неапол беше нацртан мурал со ликот на Марадона, а прозорот на кој се наоѓа неговиот лик не смееше да се отвора. Сопственикот на станот тогаш рече дека ќе го отвори прозорот кога Наполи повторно ќе ја освои титулата во Серија А.

После победата над Удинезе, конечно дојде и тој ден, најпознатиот прозор во Наполи се отвори.

 

- Оглас -

Најнови вести