Се ожени Лаутаро Мартинес, со невестата го чекаат второто дете

Аргентинскиот фудбалер Лаутаро Мартинес, официјално стапи во брак со Агустина Гандолфо, жената со која е во врска од 2018 година. Тие веќе имаат едно дете, ќерката Нина, а го чекаат синот Тео, бидејќи Агустина е трудна.

Напаѓачот на Интер и аргентинската убавица се венчаа во матичното во Милано, во скромна церемонија на која присуствувале само нивните најблиски.

Му тргна на Лаутаро, после освојувањето на Светското првенство и Суперкупот на Италија, дојде и на чекор од финале во Лигата на шампионите, а му цутат розите и на приватен план.

- Оглас -

Најнови вести