Се пензионира еден од најдобрите НБА-кошаркари: „Кошарката го одбележа мојот живот“ (Видео)

Еден од најдобрите НБА-кошаркари во своето време, Кармело Ентони, објави крај на својата кариера и по 19 сезони нема да го гледаме на терените во американската професионална лига.

Тој на социјалните мрежи напиша: „Се сеќавам на времето кога немав ништо. Само топка, терен и желба за успех. Кошарката го одбележа мојот живот и на луѓето околу мене кои ми даваа поддршка. Сега е време да се збогувам со спортот кој ми даде се. Мојата приказна беше повеќе од кошарка. Се надевам дека мојот син ќе ги оствари своите сништа. Моето наследство живее во тебе. Секогаш ќе се гордеам.“

Кармело Ентони во својата кариера настапуваше за Денвер, Њујорк, Оклахома, Хјустон, Портланд и ЛА лејкерс. Никогаш во својата кариера не ја освои титулата од НБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести