Се подготвува понуда од 100 милиони за Влаховиќ, и тоа од неочекуван премиерлигаш

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ во летниот преоден рок најверојатно ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во Премиер лигата, но тоа најверојатно нема да биде во екипа која доминира во последните години.

Според „Марка“, Астон вила е подготвена да понуди повеќе од 100 милиони евра во летниот преоден рок за да го донесе Влаховиќ.

Астон вила по доаѓањето на Унаи Емери за тренер, избега од опасната зона и се замеша во битката за позиции кои носат пласман во европските купови, а сопствениците имаат поголеми амбиции за следната сезона.

Тие очекуваат Влаховиќ да биде лидер на нападот идната сезона, кога ќе се тргне во лов по едно од првите четири места кои носат пласман во Лигата на шампионите, а планираат налето да го купат и Феран Торес од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести