Се погласни се шпекулациите за луд трансфер: Меси купил куќа во Милано

Лионел Меси да потпише во Интер, се шпекулациите кои се се почести во италијанските медиуми. Престижната „Газета дело спорт“ пишува дека навивачите на Нераѕурите сонуваат дека може да се реализира луд трансфер и капитенот на Барселона да дојде на „Џузепе Меаца“.

Како главна причина за новите шпекулации дек Меси може да се пресели во Милано е фактот што неговиот татко Жорге неодамна купил куќа во овој италијански град. Нераѕурите со години сакаат да го водат Меси во нивниот дрес, а еден од главните ѕвезди на Интер најави дека е подготвен да се обиде да го оствари сонот.

Лео има договор со Барселона до јуни 2021 година и надежта на Интер е дека аргентинскиот виртуоз нема да го продолжи договорот, па каталонците да бидат принудени да го продадат летово.

 

- Оглас -

Најнови вести