Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ е сè понезадоволен од својот статус во Реал Мадрид и веќе размислува за следниот предизвик.
Модриќ до минатата сезона беше незаменлив дел од првиот тим на Кралевите, но сезонава тренерот Карло Анчелоти одлучи неговото место да го заземат Едуардо Камавинга и Орелиен Чуамени, а Хрватот го закова на клупата за резервни играчи. Како можна идна дестинација се споменува Саудиска Арабија.
„И во летото постоеше сериозен интерес за Модриќ и сега тој интерес е обновен. Постои клуб од главниот град, но и други екипи од саудиската Про лига кои се заинтересирани за Лука. Понудите се одлични“, изјави агентот на Модриќ.