Се појави клуб кој може да му ја спаси кариерата на Еден Азар

Додека го носеше дресот на Челзи, Еден Азар беше еден од најдобрите фудбалери во светот. Кога Белгиецот направи трансфер во Реал Мадрид, ситуацијата тргна на лошо за фудбалерот.

Многуте повреди и отсуства беа причина за драстичен пад на формата на Азар, кој полека падна во заборав кај Кралевите. Азар се согласи летово да си замине од Реал Мадрид и засега нема нов клуб.

Според последните шпекулациите, Кристал палас е клубот кој може да му понуди соработка на Азар и едногодишен договор. Азар уште има проблеми со повредите, но овој премиерлигаш е подготовен да ризикува и да се обиде да го врати офанзивецот во формата во која беше препознатлив кога играше во Англија.

Освен во Кристал палас, шпекулациите се и тоа дека Азар може да замине во МЛС-шампионатот во САД. Азар има одлични спомени од играњето во англискиот Челзи, каде што во 352 натпревари постигна 110 голови, а имаше и 92 асистенции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Score 90 (@score90)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести