Се појави момче кое трча побрзо од Болт и му сруши еден рекорд (Видео)

Тинејџерот Еријон Најтон кој има само 18 години, постави нов светски јуниорски рекорд откако успеа на патеката од 200 метри да постави време од 19.49 секунди. Ова време е многу подобро од досегашниот светски јуниорски рекорд кој го држеше легендарниот Јусејн Болт. Во 2004 година како јуниор, Болт постави време од 19.93 што значи дека речиси сега Најтон за речиси половина секунда го подобри ова најдобро време во јуниорска конкуренција.

Не само што времето на младиот Најтон е убедливо најдобро во јуниорска конкуренција, туку во историјата само четири атлетичари успеале да истрчаат побрзо од тоа постигнување. Болт е рекордер со 19.19 секунди, Јохан Блејк има истрчано 19.26 секунди, а Мајкл Џонсон имаше време од 19.32 секунди.

Бидејќи Најтон е побрз од Болт во јуниорска конкуренција, нема да биде чудо доколку за скоро време овој млад атлетичар тргне во атак на светските рекорди на легендарниот атлетичар од Јамајка и тоа во сениорска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести