Се појави нова снимка и направи пресврт: Дали топчето навистина заврши во вратот на судијката? (Видео)

Александер Зверев и Доминик Тим утревечер ќе играат во финалето на Грен слем турнирот САД Опен. Зверев по голема борба и пет одиграни сета го победи Пабло Карењо-Буста со 3:2, додека Тим со 3:0 го елиминираше Данил Медведев.

Иако беше прв фаворит за трофејот, во финалето го нема Новак Ѓоковиќ, кој доби службена елиминација во четвртото коло. Србинот беше елиминиран откако со едно топче ненамерно ја удри линиската судијка. Жената падна на земја и мораше да интервенира и лекарска екипа.

Поради тој удар, Ѓоковиќ беше елиминиран и казнет со 260.000 долари. Снимките од ударот на топчето го има само од 2-3 камери, а навивачите на Ѓоковиќ тврдат дека од една снимка се гледа дека топчето удира во рамото на судијката, а не го грлото како што е првично кажано.

Навивачите на Ѓоковиќ бараат најдобриот тенисер во светот да поднесе жалба и обвинение во кое ќе се бара да му бидат доделени парите кои не ги доби за пласманот до четвртото коло, а ќе се жали за неправилна дисквалификација, емотивна траума и нарушување на имиџот.

https://twitter.com/i/status/1304093764126900224

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести