Новата генерација го дочека моментот – Тим и Зверев ќе се борат за титулата на ОП на САД

Александер Зверев и Доминик Тим ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД во машка конкуренција, откако фаворитите ги оправдаа улогите во полуфиналните дуели против Пабло Карењо-Буста, односно Данил Медведев.

Германецот се најде пред елиминација откако Карењо Буста поведе со 2-0 во сетови, но Зверев најде сили за сензационален пресврт и ги доби наредните три сета со 6-3, 6-4, 6-3 за пласман во големото финале. Во речиси три и пол часа борба, Зверев до победата дојде откако му крадеше по два сервиси на Шпанецот во секој од трите последни сета и дојде во поволна позиција со брејк да триумфира, а тоа го стори по втората меч-топка.

Доминик Тим немаше такви проблеми во полуфиналето против Данил Медведев, па Австриецот за помалку од три часа ја заврши работата со 3-0 во сетови (6-2, 7-6, 7-6). Медведев даваше отпор во вториот и третиот сет, меѓутоа ги загуби двата тајбрејка со 9-7 и 7-5, односно Тим ја искористи втората меч топка за пласман во финалето на американскиот Гренд слем.

Борбата за титуалата меѓу Тим и Зверев е закажана за утре навечер во 22 часот, додека во женска категорија Осака и Азаренка ќе ги одмерат силите вечерва исто така во 22 часот.

- Оглас -

Најнови вести