Се појави ново видео, Бед Блу Бојс маскирани и вооружени со палки се подготвуваат за напад, а грчки полицајци само ги снимаат (Видео)

Грчките медиуми објавија ново видео од навивачите на Динамо Загреб, Бед Блу Бојс, кои потпомогнати од фановите на Панатинаикос, во понеделникот направија нереди пред стадионот на АЕК Атина, во кои загина 29-годишниот Михалис Кацурис.

Телевизијата Стар објави видео од неколку надзорни камери на кои се гледаат навивачите на Динамо Загреб непосредно пред нападите. На видеото се гледа како повеќе од 100-тина навивачи се вооружени со палки, синџири…

„Повеќе од 100-тина луѓе одат напред за да сеат смрт. Сите се облечени во црно. Двајца носат шлем, некои имаат капи, лицето го кријат со хируршки маски. Меѓутоа, многумина од нив имаат откриени лица и одат тивко за да не бидат забележани се додека не почнат нападите“, пишува грчката телевизија.

Интересно е што на една од снимките се гледа дека седуммина грчки полицајци ги следат навивачите на Динамо, не успеаја да ги спречат инцидентите, но јасно се гледа дека имаат камери.

Видеото може да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести