Се појави првата фотографија од Роналдињо во затворот

Поранешниот освојувач на Златната топка, играчот кој изнудуваше воздишки додека играше за европските гиганти Барселона, Милан и Пари Сен Жермен, Роналдињо, сега е во затвор. Бразилецот се соочи со проблеми со законот кога со фалсификуван пасош влезе во Парагвај, а тамошните власти го уапсија.

Првично се очекуваше дека Роналдињо ќе помине со блага санкција и по неколку часа разговор беше пуштен, но потоа и повторно уапсен и вратен во станица. Роналдињо и неговиот брат со лисици на рацете беа однесени во затвор, а сега им се заканува затворска казна и до пет години.

Фудбалската ѕвезда е во дел од затворот каде што се наоѓаат и обвинети и осудени за корупција, трговија со дрога и оние против кои се водат политички процеси. Дури и во затвор, Роналдињо позираше насмеан, сигурно верувајќи дека нема да заглави долго време зад решетки.

 

- Оглас -

Најнови вести