30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Сè помалку време за главните ѕвезди на Белгија

Белгија против Италија ќе биде новото големо дерби на Европското првенство по кое големи се шансите победникот од овој пар на крајот да ја освои титулата. Пресметката е предвидена да се одигра во петок, 2 јуни, а Белгијците се загрижени што на „Алијанц арената“ во Минхен веројатно ќе се појават без двете главни ѕвезди кои се повредија во победата над Португалија во осминафиналето.

Имаше најави дека Еден Азар и Кевин де Бројне ќе го пропуштат мечот против Аѕурите, дури се тврдеше дека капитенот и играч на Реал Мадрид го заврши својот настап на ЕП, но селекторот Мартинес ги демантираше информациите. Сепак, и двајцата се во трка со времето да закрепнат во следните три дена, а шансите им се сè помали бидејќи и натаму не се во можност да одработат комплетен тренинг.

Што се однесува до италијанската селекција, сè уште е неизвесно дали капитенот Кјелини ќе биде во конкуренција за настап бидејќи ветеранот не се врати на терените уште од второто коло кога се повреди во мечот против Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести