Се поништува прекарот „Неверкузен“, Баер Леверкузен ја прославува првата титула во својата историја! (Видео)

Баер Леверкузен е нов шампион на Германија, а својата прва титула во 119-годишната клупска историја ја обезбедија на пет кола до крајот, после денешната победа од 5-0 против Вердер.

Леверкузен долги години ривалите го „пецкаа“ за многуте пропуштени шанси и загубено финалиња, ги нарекуваа „Неверкузен“ (невер на англиски значи никогаш), но тоа е веќе минато, Баер ја има првата „салатара“ од Бундеслигата.

Во претходните 11 години, титулата во Бундеслигата ја освојуваше Баерн, но таа серија е запрена од машинеријата на тренерот Чаби Алонсо која во 29 кола има неверојатен скор од 25 победи и четири ремија, а ниту еден пораз.

Бонифејс од пенал, Џака, и Вирц кој беше троен стрелец, ја донесоа денешната победа после која илјадници навивачи влетаа на терен да ја прослават историската титула.

Ова е голот на Гранит Џака со кој Баер поведе 2-0 и најави дека уште денеска ќе се слави титулата:

- Оглас -

Најнови вести