Се повреди Бензема, во нападот на Реал ќе биде иден инженер кој ни даде гол во Скопје

Првиот стрелец на Реал Мадрид, Карим Бензема, нема да биде во составот на Реал Мадрид на утрешното гостување кај Валјадолид, па за да не биде Маријано Дијаз единствен класичен напаѓач во составот, Зинедин Зидан во првиот тим го повика Хуго Дуро, првиот стрелец на Кастилја (Реал Мадрид Б).

Ако Бензема не може да игра ниту в среда во Бергамо против Аталанта, тоа ќе биде огромен хендикеп за Реал кој на листата на повредени има дури деветмина првотимци.

Дупката во нападот ќе се обиде да ја закрпи 21-годишниот Дуро кој сезонава има 7 гола на 10 меча за Кастилја. Тој има скромно прволигашко искуство од играње за Хетафе. Освен тоа што е фудбалер, Дуро е и студент на Универзитетот Карлос Трети, и иден машински инженер.

Инаку, Дуро е многу добар и ладнокрвен изведувач на пенали. Тој тоа го докажа и на 3 септември 2020 во Скопје, кога за младинската селекција на Шпанија погоди пенал во 83-та минута за победа од 1-0. И викендов даде важен гол од пенал за победа, во 92-ра минута во дресот на Кастилја.

- Оглас -

Најнови вести