Се повреди, но не сакаше да излезе од игра – ќе загубел многу поени на „Фантази“

Според податоците на ФИФА, во светот има околу 265 милиони фудбалери, повеќето непознати и неважни за светскиот фудбал, а таков е и Амин Аскар кој е 35-годишен етиопски Норвежанец, и го привлече вниманието на јавноста поради една измама.

Аскар кој е член на Кристијансунд, а до лани играше за Сарпсборг, на интернет ја игра играта „Елитсериен Фантази“ во која треба да составите тим од играчи од норвешката лига и токму тука беше проблемот.

Аскар лани (во октомври 2019) си се ставил самиот себеси во екипата, но на мечот се повредил во 50-та минута. И покрај тоа, на терен останал уште десет минути, и тоа му направило голема разлика во поени на Фантази.

Ако излезел од игра во 50-та, ќе носел 1 поен, а вака 6 поени, бидејќи неговиот тим не примил гол. Дефанзивците кои играат барем 60 минути и нивниот тим не прими гол во тој период, добиваат четири поени. Тука има уште една „финта“, Аскар не е дефанзивец, но по грешка бил на листата на одбранбени играчи на норвешкото „Фантази“.

- Оглас -

Најнови вести