Се повторува приказната за големи и мали – Македонија е оштетена, Холандија води со 1:0 (видео)

Мемфис Депај ѝ донесе предност на Холандија со гол во 27-мата минута, но на првиот гол на мечот против Македонија му претходеше чист фаул над Горан Пандев на спротивната страна.

И наместо ние да имаме добра позиција од слободен удар, Ковач дозволи да се игра и Депај погоди. Ситуацијата и фаулот над Пандев се чисти како солза, но и тука во Амстердам како да се повторува приказната за големи и мали.

Ковач чекаше и ВАР проверка и потоа покажа на центарот, па Холандија има предност од 1:0.

Претходно ни беше поништен гол, оправдано, бидејќи Тричковски во деветтата минута беше во офсајд, а потоа Трајковски ја погоди стативата во 22-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести