Се прости од ракометот за да заигра фудбал и во дебито постигна хет-трик

Али Лучијано имаше одлична ракометна кариера. Во дресот на Мец, шестпати беше шампионка на Франција, а го носеше и дресот на холандската репрезентација. Сепак, речиси по 10 години ракометна кариера, Лучијано реши да ја прекине ракометната кариера и на 29 години посака да стане фудбалерка.

Некогашната ракометарка заигра во тимот на Монтиги Мец од четвртата лига во Франција и покажа дека има талент и за фудбал. Во дебитантскиот настап заигра на позицијата лево крило и беше незадржлива, постигнувајќи три гола. Ако продолжи во ист стил, ништо чудно ако Лучијано брзо напредува и во фудбалската кариера.

- Оглас -

Најнови вести