„Се расипуваат греачите на клупата“ во француската репрезентација

Маркус Турам и Тома Лемар се здобија со повреди на денешниот тренинг на француската фудбалска репрезентација, се чекаат медицинските прегледи за да се утврди сериозноста на проблемите кај двајцата фудбалери. Турам ги истегна препоните и мораше предвреме да го заврши тренингот, додека Лемар при двобој со голманот Мањан, го оштети зглобот на левата нога.

Двајцата играчи досега на ЕП запишаа вкупно четири минути настап, поточно Лемар влезе во финишот од ремито против Унгарија, додека напаѓачот на Гладбах уште чека деби на континенталниот собир.

Иако се во втор план на селекторот Дешамп, клупата на Триколорите се намалува во пресрет на нокаут-фазата, каде што во осминафиналето светските шампиони ќе се сретнат со Швајцарија на 28 јуни. Претходно со потешка повреда се здоби Усман Дембеле, кому му е потребна операција на коленото и го чека пауза дури од четири месеци.

- Оглас -

Најнови вести