Се распукаа стрелците на Голд купот, на два меча паднаа 12 гола

Панама ја совлада Гвајана со 4-2, а САД го разби Тринидад и Тобаго со 6-0, со што Американците со Панама за во Канзас сити си закажаа битка за првото место во групата во последното коло, бидејќи по две кола, двата тима имаат по 6 бода.

Овие 12 гола кои паднаа на двата меча во Кливленд, го прават денот најефикасен на Голд куп уште од јуни 2011, кога истотака на две средби беа постигнати вкупно 12 погодоци.

Американците го разбија Триндад и Тобаго, со што на некој начин му се реваншираа за поразот од пред 20 месеци, кога САД после 32 години остана без место на Светско првенство.

САД во триумфот над Тринидад, по првото полувреме водеше само со 1-0, а потоа за 12 и пол минути (од 66 до 78) уште четири пати ја затресоа мрежата. За Тринидад и Тобаго, ова е најубедлив пораз во 21 век и нивен најтежок пораз на меч од Голд купот.

Панама има серија од 16 меча по ред без пораз во групна фаза на Голд купот.

- Оглас -

Најнови вести