Се реактивира интересот на Милан за Енис Барди, Росонерите нудат 5 милиони евра

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, најверојатно уште во јануарскиот преоден рок ќе си замине од Леванте.

На клубот од Валенсија се чини дека му нема спас и ќе испадне од прва лига, а добро би им дошле пари од продажба на Барди, на кого договорот му истекува на крајот на сезонава. Ако не го продадат сега, во јули Барди ќе си замине како слободен, без Леванте да добие пари за обесштетување.

Понуди до Леванте има од неколку клуба, а најнова шпекулација е дека интерес за Барди има од Милан, кој наводно понудил 5 милиони за нашиот интернационалец. Росонерите и летоска сакаа да го ангажираат Барди, но тогаш трансферот пропадна, и ова е втора шанса.

- Оглас -

Најнови вести