Се сеќавате ли која „лудница“ беше лани на 25 април во „Јане Сандански“? (Видео)

Во денови кога нема никаков спорт низ целиот свет, ќе се потсетиме дека 25 април и тоа минатата година, беше волшебен за македонскиот ракомет. Пред точно една година, Вардар го пречека Пик Сегед во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Во неверојатна атмосфера која ја направија навивачите во преполниот „Јане Сандански“, Вардар одигра шампионски и победи со 31:23. Оваа разлика беше доволна за во реваншот, па Вардар се пласираше на фајнл-фор турнирот во Келн, а таму се случи волшебство, кога по втор пат во клупската историја Вардар стана европски првак. Црвени-црните уште го имаат приматот на актуелен владетел, иако и официјално на „зелена маса“ без борба, поради пандемијата со Коронавирусот, сезонава ја загубија шансата да го бранат тронот во нокаут фазата.

Ракомет веќе нема повеќе од еден месец, но затоа може да се потсетиме како изгледаше феноменалнат атмосфера на 25 април минатата година. За повеќе фотографии од ланската атмосфера проверете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести