Се сеќавате на Бен Арфа? Се откажа од фудбалот и сега гради кариера во друг спорт

Поранешниот француски репрезентативец Хатен Бен Арфа веќе 18 месеци е надвор од фудбалските терени, откако се одлучи дека му е доста од фудбалот. Негов последен клуб му беше Лил, а претходно настапуваше и за Лион, Марсеј, Њукасл, Хал, Ница, ПСЖ, Рен, Ваљадолид и Бордо. За репрезентацијата на Франција одигра 15 натпревари, на кои постигна два погодока.

По завршувањето на фудбалската кариера, се одлучи да го промени спортот, па сега се натпреварува во падел, спорт сличен на тенисот, но тука мрежата е метална, а теренот е опколен со стаклени ѕидови.

Бен Арфа оваа година веќе настапил на 70 турнири во падел, а во моментов се наоѓа на 1342-то место на ранг-листата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести