Се „штанцаат“ голови во Келн, Гнабри ги засени сите со модерна штикла (Видео)

Серж Гнабри ги засени стрелците во Келн, а ултраефикасниот меч меѓу Германија и Швајцарија со шест гола по еден час игра го зачини со прекрасен гол со петица.

Швајцарците постојано водат на „Рајн Енерџи арената“, имаа и 2:0 и 3:2, но Гнабри ја врати Германија во игра за првото место во четвртата група од Сегментот А со велемајсторски погодок во 60-тата минута.

На Германија ѝ треба победа за да остане во игра за првото место во трката, пред сè, со Шпанија, но и со Хрватска, па и Швајцарија.

 

- Оглас -

Најнови вести