Се скараа Тер Штеген и Нојер

Марк-Андре тер Штеген и Мануел Нојер се во кавга, а проблем е позицијата што ја имаат во репрезентацијата на Германија.

Нојер е неприкосновен на голот на Елфот, а изјави дека Тер Штеген мора да биде тимски играч и да ја почитува хиерархијата во репрезентацијата.

„Јас сум тимски играч и секогаш мислам за доброто на националната селекција. Имало вакви ситуации и порано. Германија има дузина квалитетни голмани. Сетете се на примерот од 2006 година и ривалството на двата одлични голмани Оливер Кан и Јенс Леман. И тогаш имаше дебати, но работите се решија на најдобар можен начин“, вели Нојер.

Тој беше повреден одреден период, па Тер Штеген, кој брани за Барселона, беше прв голман на националната селекција. Сега повторно се сменети улогите, па дојде до кавга меѓу двајцата одлични чувари на мрежата. Нојер брани за Баерн, Тер Штеген за Барселона, па јасно е дека Германија има одлични опции за „единицата“, но тоа понекогаш прави и проблеми.

„Не знам зошто Ману реагира и зошто ги коментира моите чувства. Секој голман сака да брани и тука нема ништо лошо. Не го навредив ниту него, ниту соиграчите од репрезентацијата со изјавата дека сакам да бранам за Германија“, изјави Тер Штеген.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести