Се случи хаос кога се појави легендарниот Бразилец (Видео)

По 17 години поминати во Европа, во кои успеа да стигне до приматот најтрофеен фудбалер во историјата, Бразилецот Даниел Алвес реши да се врати во Бразил. Легендарниот десен бек летово беше слободен играч, а на крајот одлучи да потпише со Сао Пауло.

Алвес во Европа со успех ги бранеше боите на Севилја, Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен, а Дспоред договорот во следните три години треба да брка трофеи со Сао Пауло. Засега Алвес е застанат на бројката од 40 трофеи во кариерата. Последниот му беше летоска и тоа во дресот на бразилската репрезентација. Алвес како капитен ги предводеше Кариоките до тронот на Копа Америка.

Навивачите во Бразил многу добро ги знаат квалитетите на Алвес, па не беше ни чудно дека искусниот играч ќе добие дочек каков што му направија фановите на Сао Пауло.

 

- Оглас -

Најнови вести