Се случи најголемото изненадување во историјата на УФЦ (Видео)

Јулијана Пења се погрижи за едно од најголемите изненадувања во историјата на УФЦ борбите, откако ја победи Аманда Нуњес, во бантам категорија. Двократната шампионка Нуњес беше голема фаворитска пред мечот и многумина очекуваа да ја задржи титулата која ја има во свој посед во последните пет години.

Сепак, Пења покажа дека е подготвена за чудo и откако го издржа атакот на  Бразилката во првата рунда, потоа се случи пресврт. Двете фајтерки се удираа до изнемоштеност, а пред крајот на втората рунда, Пења успеа да ја фати противничката за врат и со „давење“ ја натера да се предаде.

„Ви реков, немојте да се сомневате во мене. Моќта на желбата, силата и одлучноста. Тоа ќе ве одведе таму каде што посакувате. Дефинитивно очекував да победам“, рече Пења по најголемиот триумф во кариерата.

За Нуњес ова е прв пораз во последните седум години, вкупно петти во кариерата во која има и 25 победи. Пења стигна до 11 триумф во кариерата во која има и четири порази, а сега со себе го носи и појасот за најдобра во бантам категорија.

- Оглас -

Најнови вести