Се случи сценариото од кое се плашевме: Македонија остана без осминафинале, Финска и Турција се радуваат

Одбојкарските селекции на Финска и Турција одиграа спротивно од она што се надевавме. Финците славеа со 3-2 (25-20, 15-25, 18-25, 15-12) во сетови, па Македонија остана без осминафинале на Европското првенство во одбојка.

Само ова сценарио не ни одговараше, чекавме победа на Турците, но на крајот двете селекции како договорени одиграа во своја полза, на штета на нашите Спартанци.

Иако Финска го освои првиот сет, турските одбојкари во продолжението играа многу подобро и со 25-15 и 25-18 го свртеа резултатот во своја корист. Наместо да ги разрешат дилемите во четвртиот сет, Турција дозволи да се игра петти, одлучувачки сет во кој Финска со фуриозна серија дојде до четири меч-топки и ја искористи втората за клучната победа.

Турција и со овој пораз остана на третото место во групата Ц со седум бода, Финска и Македонија имаат по шест, но подобрата разлика во сетови е во полза на Финска, која како четвртопласирана ќе игра во наредната фаза на ЕП за одбојка.

 

- Оглас -

Најнови вести