Се собраа и Германците: Подмладена одбрана и само една вистинска „деветка“

Селекторот на Германија, Јоаким Лев, повика 22-ца фудбалери за новиот циклус квалификации за ЕП 2020 кој ќе се одржи во јуни. Панцерите на 8 јуни ќе гостуваат во Белорусија, додека три дена подоцна ќе играат против Естонија во Мајнц.

За овие два меча, Лев во селекцијата ги врати Јулијан Дракслер од ПСЖ, голманот на Арсена, Бернд Лено, како замена за повредениот Марк-Андре тер Штеген, како и Џонас Хектор, бекот на Херта. Го нема Марио Геце од Б. Дортмунд, додека Тони Крос и Антонио Ридигер се недостапни поради повреди.

Како што е веќе познато, по катастрофалниот настап на Мундијалот во Русија, Лев повеќе не смета на тројца членови на Баерн Минхен – Џером Боатенг, Матс Хумелс и Томас Милер, додека Месут Озил сам се повлече од репрезентацијата по критиките кои ги доби од фановите.

Наместо искусните Баварци, одговорноста во одбраната паѓа на младите Силе, Тах, Керер, Старк и Клостерман, додека со 25 години најискусен меѓу стоперите е Гинтер.

Интересно е што Тимо Вернер е единствена вистинска „деветка“ во составот, Лев одлучи да не повика заменик-напаѓач.

Состав на Германија:

Голмани: Мануел Нојер, Бернд Лено, Кевин Трап

Одбрана: Матијас Гинтер, Марсел Халстенберг, Тило Керер, Никлас Старк, Никлас Силе, Џонатан Тах, Марсел Халстенберг, Лукас Клостерман, Нико Шулц.

Среден ред/Напад: Жулијан Брандт, Јулијан Дракслер, Серж Гнабри, Леон Горецка, Илкај Гундоган, Каи Хаверц, Џошуа Кимих, Лерој Сане, Марко Ројс, Тимо Вернер.

- Оглас -

Најнови вести