Се сомнева дека долго бил следен – Марез олеснет од крадци за 500 илјади фунти

Ријад Марез бил жртва на кражба во неговиот стан во Манчестер, а крадците си заминале со богат плен што вреди околу 500 илјади фунти.

Играчот на Манчестер сити се сомнева дека подолг период бил следен од арамиите, кои однеле 50 илјади евра во кеш, еден часовник од колекцијата „Ричард Мајл“ вреден 240 илјади фунти и два Ролекси.

Организираната група точно знаела кога алжирскиот репрезентативец не бил дома, а се се случило пред еден месец, кога на сила во Велика Британија беше задолжителен карантин.

Ова е втор ваков инцидент што во овој период му се случува на познат фудбалер во Англија, откако претходно Деле Али од Тотенхем мина уште полошо. На црномурестиот фудбалер и репрезентативец на Гордиот Албион крадците му се заканиле со нож при упадот во неговиот дом, но за среќа кражбата минала без посериозни последици.

- Оглас -

Најнови вести