Се сомневаат дека е повреден, Ѓоковиќ им одговори со убав јубилеј

Многу коментари предизвикува повредата на Новак Ѓоковиќ, има и тениски експерти што се сомневаат дека српскиот ас има проблеми со стомачните мускули, а рекордерот во Мелбурн им одговори со нов брилијантен успех и убав јубилеј.

Победата против Раониќ со 3:1 во сетови му е 300. на гренд-слем турнирите. Најмногу победи има токму на Австралија опен, каде е во мисија на подобрување на апсолутниот рекорд со 8 освоени титули.

Интересно е што меѓу водечките критичари на начинот на кој се носи со повредата и сепак ги победува противниците е Патрик Муратоглу, познатиот тениски тренер.

Тој се сомнева дека Новак има повреда на стомачните мускули, а српскиот ас му одговора на најдобар начин, со победи во Мелбурн и со јубилеј од 300. триумфи на гренд-слем турнирите.

 

- Оглас -

Најнови вести