Се уфрли на местото на Ѓоковиќ и веднаш се посрамоти во Мелбурн

Италијанскиот тенисер Салваторе Карусо не ја искористи шансата да игра на местото на Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на Австралија и експресно загуби во првото коло од Миомир Кецмановиќ со 0:3 во сетови.

Карусо ја имаше улогата на „Лаки лузер“ и по одлуката на австралиската Влада да му забрани влез во земјата на Новак Ѓоковиќ, доби шанса да игра на Отвореното првенство на Австралија, но успеа да освои само 7 гема против Кецмановиќ.

Разликата во рејтингот не е преголема, Карусо е 150-ти на АТП-листата, а Кецмановиќ е на 77-мата позиција, но на теренот во Мелбурн разликата беше голема.

Србинот го декласира ривалот со 6:4, 6:2, 6:1 за помалку од два часа игра и си обезбеди пласман во второто коло, а го испрати дома Карусо.

Единствен ќар за италијанскиот тенисер од среќниот влез и настап на гренслемот е чекот од 103 илјади долари што го заработи за одиграниот меч од првото коло против Кецмановиќ.

https://twitter.com/damianjbyrne/status/1483005154697879554?s=20

Интересно е што Кецмановиќ и во второто коло ќе игра против италијански тенисер, но сега ќе ја има улогата на аутсајдер против Лоренцо Сонего, кој е 25-торангиран тенисер на светот.

Сонего во првото коло го победи ветеранот Сем Квери со 7:5, 6:3, 6:3.

 

- Оглас -

Најнови вести