Ова е построго и од законот на Маргарет Тачер – Заборавете на фудбал ако ве фатат блиску до стадион

Германците и Англичаните ќе мора да ги почитуваат строгите мерки и протоколи, а има поглавја и за навивачите, особено за оние што ќе се обидат да дојдат во близина на стадионите за време на одигрување на натпреварите без присуство на публика.

Особено строги ќе бидат Англичаните и најавени се мерки како од времето на Челичната Лејди, Маргарет Тачер, а ќе има казни со долгогодишна забрана за присуство на трибините. Премиерлигашите се предупредени да не флертуваат со навивачите и да се обидат да спречат какво било присуство во околината на стадионите на кои ќе се доигра Премиер лигата.

Германците се уште построги и веќе објавија дека ќе има три строго контролирани прстени, односно зони во кои не смее да има никој без специјална дозвола, односно акредитација.

За Бундеслигашите од 16 мај, за кога е закажано рестартирање на шампионатот, ќе важи и правилото доколку има масовен собир на навивачите во близина на стадионот на кој се игра мечот, казната да биде пораз со службен резултат.

Популарните Ултраси, пак, најавија протести поради одлуката мечевите да се играат без публика, па припадниците на јавниот ред и мир ќе имаат сложена задача да обезбедат какво било присуство на фудбалските симпатизери на или во близина на стадионите до крајот на сезоната.

Бундеслигата продолжува на 16 мај, а Премиер лигата би требало да тргне со фудбал на 12 јуни.

- Оглас -

Најнови вести