Се врати еден од најдобрите шутери во НБА – Томпсон тренираше по 470 дена пауза (Видео)

Клеј Томпсон почна со полесни тренинзи за првпат по долгата пауза, откако се повреди во ланското НБА финале меѓу Голден стејт вориорс и Торонто репторс.

Еден од најдобрите шутери во НБА лигата заработи повреда на левото колено, а во прашање беа лигаментите и паузираше долго, цели 470 дена.

Беше планирано Клеј да се врати на кошаркарските терени во јуни, но Голден стејт вориорс не беа дел од плејофот што е во тек, па се почека со кам-бекот на 30-годишниот кошаркар.

Томпсон е трикратен шампион на НБА со Голден стејт вориорс и движечка сила на тимот со Стефон Кари, па неговиот кам-бек е од витално значење за тимот што потфрли ланнската сезона, најмногу поради повредите на клучните играчи.

 

- Оглас -

Најнови вести