Се врати во родниот град и се разочара: Милано е град на мртви

Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан, Андреа Тринкиери, неодамна се врати во Италија, односно во Милано. Тоа е еден од најпогодените градови од Коронавирусот, а Тринкиери беше шокиран од тоа што го забележал.

„Добро сум, времето го поминувам дома. Морам да бидам во домашна изолација затоа што неодамна се вратив. Милано е град на мртви. Може да се излезе до продавница и да се чека два-три часа за да се купат намирниците. Се трудам да не ги следам бројките на починатите и заболените затоа што така ќе паднам во депресија. Оваа пандемија ја гледам како еден вид порака. Порака за начинот на живот на Земјата. Дури се чудам како некои се однесуваат. Глупави се и неодговорни. Такви луѓе има и тука во Италија, има и во Србија, во САД, ги има секаде“, вели тренерот на Партизан.

Стратегот вели дека постојано е во контакт со своите кошаркари од Партизан, но дека најмалку разговараат за кошарката.

„Во постојан контакт сме, но немаме многу време да разговараме за кошарката. Сакам да знам како се, како поминуваат низ целата оваа ситуација. Им зборувам дека имавме одлична сезона, дека во сите натпреварувања бевме најдобри, дека имавме одлична поддршка од трибините. Треба да бидат горди на оваа сезона“, додава Тринкиери, кој знае дека спортот ќе претрпи големи промени по Коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести